Најмалку четворица загинати во бомбашки напад во Пакистан

Медиумите јавуваат дека во денешниот бомбашки напад во градот Куета во југозападниот дел на Пакистан имало најмалку четворица загинати и голем број повредени, но засега не се знае нивниот точен број. Се прецизира дека нападот бил изведен од бомбаш самоубиец во една болница во градот.