Барак Обама сепак ќе присуствува на погребот на Качински

Американскиот претседател Барак Обама е решен да присуствува на погребот на претседателот на Полска Лех Качињски и покрај огромниот облак од вулкански пепел над северниот дел на Европа, изјавил портпаролот на Белата куќа, Бил Бартон. Тој изјавил дека зборувал со американските воздушни сили кои постојано ги следеле состојбите во Исланд, каде како последица на вулканска ерупција настанаа густи облаци со чад и пепел кои го попречуваат воздушниот сообраќај низ северна Европа. Чадот предизвика откажување на илјадници летови што преставува најголемо затварање на воздушниот простор по нападите на кулите близначки на 11 септември 2001. Обама треба да замине за Краков во саботата за да присуствува на погребот следниот ден.