Изгласано менување на името на пакистанска погранична провинција

Пакистанскиот Парламент денеска изгласа менување на името на Северозападната погранична провинција, во услови на протести против ваквиот потег. Со 80 гласови за и 12 против, сенаторите во пакистанскиот Парламент го усвоија амндамнот за промена на името на провинцијата во Кибер Пактукава. Протестите во провинцијата против ваквиот амнандман избија во понеделникот. Единаесетмина загинаа а стотина лица се повредени во немирите.