Германија ќе ги враќа бегалците на Косово

Германија и Косово потпишаа спогодба за враќање на приближно 14 000 косовски бегалци, главно Роми, кои побегнале од војната во 1999 година, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Министерството меѓутоа прецизира дека Берлин нема намера одеднаш да ги испраќа назад сите бегалци, туку дека процесот ќе се одвива етапно. Секоја година во Косово ќе бидат враќани максимум 2500 лица. Од 14 000 лица приближно 10 000 се од ромско потекло.