Протести во Полска „за“ и „против“ погреб на Качински во кралски замок

Неколку стотини демонстранти, главно млади Полјаци синоќа излегоа на улиците во повеќе градови во Полска за да се спротивстават на погребувањето на трагично загинатиот полски претседател Качински и неговата сопруга во древниот кралски замок Вавел во Краков. Неколку стотини приврзаници на претседателот, пак, со неговите слики и со транспаренти „Оставете го да почива во мир“ во исто време на истото место излегоа на контрапротест. Полицијата мораше со кордон да ги раздвои двете групи кои се впуштија во вербални препукувања.