Медведев во Аргентина

Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска пристигна во Аргентина. Предвидено е тој да се сретне со аргентинската претседателка Кристина Кирчнер во текот на дводневната официјална посета. Станува збор за прва официјална посета на руски претседател во Аргентина во изминативе 125 години, соопштија од аргентинското Министерство за надворешни работи.