Четворица загинати во Пакистан

Четворица загинале во Пакистан денеска во регионот Вазиристан, во северниот дел на земјата. Пакистанските власти соопштија дека возилото на четворицата загинати било погодено од ракета, најверојатно лансирана од силите на САД. За сега нема детали за инцидентот. Нападите во регионот во изминатиов период се зачестени. Американските воени сили веруваат дека во Вазиристан се кријат многумина милитанти.