Лидери од цел свет ќе присуствуваат на погребот на Качински

Лидери од целиот Свет во недела ќе присуствуваат на погребот на покојниот претседател Лех Качински. Лидерите, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Димитриј Медведев, во недела ќе пристигнат во полскиот град Краков, каде ќе биде погребан покојниот лидер заедно со сопругата. Качински е еден од деведесетмината загинати во авионска несреќа во рускиот град Смоленск.