Шеесетмина настрадани во невремето во Индија

Бројот на настрадани во невремето во источната индиска држава Западен Бенгал се искачи на 60 лица. Циклонот уништи 50 илјади домови. Повеќемина од настраданите биле затрупани под урнатините од нивните домови, соопштија локалните власти.