ССМ одлучи да го смени Муратовски

Мнозинството членови на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија на денешната седница донесоа одлука за смена на досегашниот претседател на Синдикатот Ванчо Муратовски, а за в.д. претседател го назначија Живко Митревски, претседател на гранковиот Синдикат за шумарство. Митревски по седницата изјави дека одлуката е донесена едногласно од страна на 40 присутни членови од вкупно 64 членови на Советот на ССМ. Инаку, Муратовски речиси осум години ја извршуваше функцијата претседател на Сокузот на синдикати.