Одложена посетата на шефот на полската дипломатија на Македонија

Министерството за надворешни работи информира дека поради трагичната авионска несреќа кај рускиот град Смоленск во која загина претседателот на Полска Лех Качински се одложува посетата на шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски на Македонија, предвидена за 19 април. Двете министерства, како што се додава, во наредниот период ќе го утврдат терминот за реализација на оваа посета. Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ќе присуствува на погребната церемонија во Полска на 17 и 18 април, како дел од делегацијата на Македонија што ќе ја предводи претседателот Ѓорге Иванов.