Во Полска ќе биде објавен датумот на претседателските избори

Вршителот на должноста претседател на Полска Бронислав Коморовски се очекува денеска да го соопшти датумот на претседателските избори. Претседателот Лех Качински и десетина други полски функционери загинаа во саботната авионска несреќа во западна Русија. Светските лидери, меѓу нив и претседателите на Соединетите држави и на Русија Барак Обама и Дмитри Медведев в недела ќе присуствуваат на погребот на претседателскиот брачен пар во Краков.