Висок американски дипломат во Киргистан

Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк денеска во Киргистан ќе се сретне со претставници на привремената влада на оваа земја. Тој е највисок дипломат на САД кој го посетува Киргистан по немирите во кои опозицијата ја презеде власта, а претседетелот Курманбек Бакиев го напушти главниот град Бишкек. Исто така денеска, првиот заменик на привремениот премиер Алмаз Атанбаев ќе отпатува за Москва на разговори со руски претставници.