Тројца загинати во Ирак

Тројца загинаа а седуммина се повредени во бомбашки напад во Багдад, соопштија ирачките власти. Бомбата експлодирала во близина на продавница за алкохолни пијалоци. Сопственикот е меѓу загинатите. Претходно, ирачки новинар беше тешко повреден во експлозија на бомба поставена под неговиот автомобил. Телевизијата „Ал Рашид“ потврди дека нивниот дописник е повреден, но не даде дополнителни детали за инцидентот.