Бакиев подготвен да отстапи

Претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев изрази подготвеност да отстапи од фукнкцијата, под услов да му се гарантира безбедноста. Претходно , привремената влада го повика претседателот, кој за време на немирите избега во југот на земјата, да се предаде или во спротивно ќе биде спроведена акција за негово апсење. На Бакиев му е одземен имунитетот и против него е покрената истрага. Бакиев деновиве рече дека не се чувствува одговорен за осумдесетмината загинати во минатонеделните протести во Киргистан.