Загрозени хуманитатрните активности на ОН во Пакистан

Хуманитасрната работа во Пакистан е загрозена поради недостаток на пари за клучни проекти, соопштија денеска од Обединетите нации. До сега за внатрешно раселените лица се донирани 20 проценти од потребните 550 милиони американски долари, соопштија од организацијата. Тоа значи дека сериозно е загрозено снабдубвањето со најосновните намерници како храна и лекови, се наведува во соопштението на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните активности. Во Пакистан до сега се регистрирани 1,3 милиони внатрешно раселени лица. Најголем одлив на жители има од реоните во кои има вооружени конфликти меѓу војската и талибанските милитанти.