Косово потпиша милионски договор за автопат

Косовските власти потпишаа договор вреден еден милион американски долари за изградба на автопат низ земјата, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. Проектот, најамбициозен зафат на косовските власти, е „сон кој се претвора во реалност“ рече Тачи. Автопатот би требало да ги поврзува Косово и Албанија а договорот, како што информираат косовските власти, бил потпишан со американско – турскиот конзорциум „Бечтел – Енка“.