Единаесетмина загинати во железничката несреќа во Италија

Бројот на загинати во железничката несреќа во Италија се искачи на 11 лица. Како што соопшти новинската агенција „Анса“, лизгање на земјиштето го исфрлил возот од шините во планинскиот регион во близина на градот Болзано. Петмина патници се хоспитализирани со сериозни повреди.