Над 40 загинати милитанти во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека повеќе од 40 милитанти и двајца полицајци загинале кога група бунтовници денеска нападнале неколку контролни пунктови во северозападниот дел на земјата. Во овој регион властите пред три недели покренаа голема офанзива во која досега загинале над 300 милитанти.