Во Москва убиен судија

Судијата Едуард Чувашов денеска бил убиен во зградата каде што живеел во Москва. Руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека тој бил застрелан од непознати лица кои побегнале од местото на настанот. Чувашов беше главен судија во многу процеси против руските националистички организации. Во февруари тој осуди на повеќе години затвор неколкумина членови на групата позната под името Бели волци за убиства мотиварни од етничка омраза.