Демонстрантите во Тајланд ослободија 4 војници

Опозиционите демонстранти во Тајланд ги ослободија четворицата војници кои во саботата ги задржале како заложници по жестоките судири со полицијата во Бангкок во кои загинаа дваесетина луѓе. Приврзаниците на поранешниот премиер кој е во егзил Таксин Шинаватра бараат предвремни избори. Сегашниот премиер Абхист Веџаџива ги отфрли нивните барања и најави дека со сите сили ќе го врати мирот во Бангкок.