Пакистан го уверил Обама во нуклеарната безбедност

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани го уверил американскиот претседател Барак Обама дека неговата владата е многу сериозна во врска со безбедноста на нуклеарните постројки во Пакистан. Обама се сретна со Гилани во Вашингтон во пресрет на светскиот самит за нуклеарната безбедност. Експертите велат дека пакистанскиот нуклеарен арсенал е една од главните цели на талибанците и на Ал Каеда во обидите да дојдат до нуклеарно оружје.