Над милион потписи за предвремени избори во Србија

Претставници на опозицијата во Србија денеска ќе ги предадат потписите за нови избори. Српската напредна партија, Нова Србија и Демократската партија на Србија ќе му предадат на премиерот на Србија Мирко Цветковиќ повеќе од милион потписи на граѓани на Србија кои поддржуваат распишување на вонредни параламентарни избори.