Жителите на Полска се собираат во црквите

Илјадници верници денеска се собраа во црквите низ Полска за да му оддадат почит на загинатиот претседател Лех Качински. Претходно, папата Бенедикт Шеснаесетти им изрази сочуство на семејствата на загинатите делегати во авионската несреќа, додавајки дека се молел за душите на жртвите и за нивните семејства. Инаку, телото на починатиот претседател веќе пристигна во Варшава, главниот град на Полска. Ковчегот е пренесен во претседателската палата. Десетици илјади жители на Полска се собраа пред зградата, запалија свеќи и положија цвеќе.