Киргистанската влада кривично ќе го гони претседателот ?

Привремената влада во Киргистан соопшти дека размислува да го приведе претседателот Курманбек Бакиев кого го обвинува за смртта на близу осумдесетина луѓе во протестите кои неделава избија во земјата. Роза Отумбаева, во изјава за новинската агенција „Ројтерс“ рече дека „роднините и соучесниците на Бакиев веќе се повикани“. Отумбаева рече дека против Бакиев нема да се користи сила, додавајки дека не може да му ја гарантира безбедноста од оние кои бараат одмазда.