Десет лица загинаа во Банкок

Десетмина загинаа а околу 500 лица се повредени во Банкок во денешните судири меѓу припадници на војската и полицијата и приврзаниците на поранешниот тајландски премиер. Полицијата и војската им се спротиставија на демонстрантите со солзавец и гумени куршуми. Приврзаниците на поранешниот премиер одвратиле со молотови коктели и камења. Според болнички извори, меѓу петмината загинати е еден јапонски новинар.