Петмина загинати во Банкок

Најмалку петмина загинаа во немирите во Банкок, главниот град на Тајланд. Полицијата и војската им се спротиставија на насобраните демонстранти со солзавец и гумени куршуми. Приврзаниците на поранешниот премиер одвратиле со молотови коктели и камења. Според болнички извори, меѓу петмината загинати е еден јапонски новинар. Демонстрантите, облечени во црвени маици, се бунат против тешките социо – економски услови во азиската земја.