ОБСЕ: Привремената киргистанска влада е подготвена да преговара

Претставникот на ОБСЕ во Киргистан денеска изјави дека Киргистанската привремена влада и претседателот на земјата Курманбек Бакиев одржле разговори со цел надминување на кризата во земјата. Претставникот не меѓународната организација Занибек Карибзанов рече дека привремената влада е подготвена да преговара и додаде дека првиот обид за преговори се случил вчеравечер. За сега нема нови информации околу резултатите од разговорите. „Се уште не можам ништо да кажам, но важно е што процесот е отпочнат“ изјави претставникот на ОБСЕ во Бишкек, главниот град на Киргистан.