Дипломатот што пушел во авион, ќе си замине од САД

Соединетите Држави ја поздравија одлуката на Катар за повлекување на дипломатот, кој во авион пушел цигара, што предизвика безбедносна тревога на летот од Вашингтон до Денвер. Портпаролот на Стејт Департментот, Филип Кроули изјави дека дипломатот од Катар наскоро ќе замине од Соединетите Држави.