Државна комеморација за загинатите во Киргистан

Киргистанската привремена влада денеска во Бишкек одржа комеморација за загинатите во нередите во земјата. Лидерката Роза Отунбаева, пред околу 3 илјади присутни граѓани, изјави дека оние што загинаа на 7-ми април се херои на Киргистан. Министертвото за здравство на Киргистан соопшти дека на протестите со кои беше соборена власта, загинале вкупно 79 луѓе.