Карзаи и натаму е партнер против Ал Каеда, изјави Обама

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека претседателот на Авганистан Хамид Карзаи е круцијален партнер во битката против Ал Каеда. Во интервју за телевизијата Еј Би Си, Обама сепак додаде дека Карзаи се соочува со многу предизвици во домашната политика. Претходно беше потврдено дека Обама ќе се состане со Карзаи во Вашингтон во наредниот месец.