Напад на жена самоубиец во Ингушетија

Жена самоубиец денеска активирала експлозив додека минувала покрај полициски сили во едно село во северно кавказкиот руски регион Ингушетија. Новинските агенции јавуваат дека притоа загинал еден полицаец. Во минатата недела две жени самоубици извршија бомбашки напади во московското метро во кои загинаа околу 40 луѓе.