Во Банкок судир меѓу безбедносните сили и опозицијата

Анти-владините демонстранти во Тајланд денеска се обиделе насилно да блезат во зградата на една телевизија во Банкок, а безбедносните сили со употреба на солзавец и водени топови ги растерале. Телевизијата Народен Канал, која беше клучна во координирањето на анти-владините протести, беше затворена во четвртокот откако беше прогласена вонредна состојба во Банкок.