Киргистан: погреб на жртвите во немирите

Во Киргистан денеска беа погребани убиените во нередите во главниот град Бишкек. Станува збор за најмалку 75 загинати. До нередите дојде на антивладините демонстрациите по што опозицијата се прогласи за нова влада во земјата. Во текот на изминатата нок, според агенциите, биле забележани пукотници, но нема извештаи за евентуални жртви. Во меѓувреме, Русија најави дека ќе го признае самопрогласеното раководство на Киригистан, додека Вашингтон соопшти дека се уште нема донесено одлука за тоа. Претходно, претседателот Курманбек Бакиев кој е истеран од Бишкек ги отфрли барањата да поднесе оставка и изјави дека останува легитимен шеф на државата.