Во Авганистан, соборен хеликоптер на НАТО

НАТО денеска соопшти дека во синоќешното уривање на хеликоптер на Алијансата во југоисточниот дел на Авганистан загинале тројца американски војници и еден цивил. Засега нема извештаи за причината на уривањето на хеликоптерот. Некои новински агенции, повикувајќи се на локалните власти, јавија дека хеликоптерот бил соборен од талибанските сили во тој регион.