Милошоски: Едностраните идеи не водат кон компромис

Република Македонија за компромис го смета она решение во кое ќе ги препознаеме нашите позиции во однос на уставното име, на националниот и јазичниот идентитет и секако на сувереното право граѓаните да одлучуваат за името на сопствената држава, изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски на средба со новинарите во Кочани.
Во врска со јавно искажаната поддршка од Владата во Атина за одредени идеи за решавање на прашањето за името, Милошоски вели дека „едностраните идеи не водат кон компромис, туку создаваат впечаток дека едната страна сака да и наметне свои пожелни позиции, ставови и стојалишта на другата страна, без да се стигне до заеднички компромис“.
Со тоа, според него, се прави штета на еден процес и на одредени идеи. Тој смета дека Грција создава имиџ за проактивност, но се сомнева дека реално работи на постигнување заеднички компромис.