Грција го намалува буџетскиот дефицит

Буџетскиот дефицит на Грција во првите три месеци од оваа година е намален за 40 отсто на годишно ниво, соопшти грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину. Тој оцени дека земјата е на добар пат да ја оствари целта за намалување на минусот во државниот Буџет.
Според Папаконстантину, во првиот овогодишен квартал буџетскиот дефицит на Грција е намален на 4,3 милијарди евра, во споредба со 7,1 милијарди евра во истиот период лани.