Расмусен ја „смирува топката“ со Карзаи

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен излезе со помек став во однос на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој последниве денови се најде под жесток меѓународен притисок, откако ги обвини странците дека се мешаат во внатрешните работи на Авганистан. Расмусен вели дека Карзаи можеби не секогаш го зборува или прави она што НАТО-сојузниците сакаат да го чујат, но оти генерално, НАТО и сојузниците имаат добра соработка со Карзаи и со авганистанската влада.