Херман ван Ромпој ќе се сретне со Барак Обама

Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпој идната недела за прв пат ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Планиран е краток состанок меѓу двајцата лидери, изјави денеска портпаролот на ван Ромпој. Средбата би требало да се случи во Вашингтон, во рамките на Самитот за меѓународна нуклеарна безбедност, закажан на 12 и 13 Април. Претседателот Обама исто така ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао и со други лидери.