Канада испраќа деведесетмина војници во Авганистан

НАТО денеска соопшти дека Канада ќе испрати деведесетмина нови војници во Авганистан кои ќе ги обучуваат припадниците на авганистанската армија. Канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј ја потврди информацијата за врееме на посетата на Кабул. Канада до сега има испратено 2.800 војници во Авганистан, распоредени во провинцијата Кандахар, во југот на земјата.