Бакиев не отстапува

Претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев изјави дека нема да отстапи од функцијата. „Јас сум избраниот шеф на државата и не прифаќам било каков пораз“ рече Бакиев во интервју за рускиот „Ехо Москви“. Претседателот додаде дека моментално се наоѓа во јужниот дел на земјата и не планира да оди во странство. Тој ја обвини киргистанската опозиција за насилството во централноазиската земја кое ескалираше вчера со интервенција на војската и полицијата.