Австрија ќе се вклучи во рускиот јужен тек ?

Рускиот министер за енергетика изјави дека Австрија ќе се вклучи во проектот за гасоводот наречен „Јужен Тек“. Руските новински агенции го цитираат министерот Сергеи Шматко, кој изјавил дека денеска би требало да се официјализира договорот со австриските власти. Изградбата на рускиот јужен тек би требало да почне кон крајот на годинава. За сега нема официјална потврда на изјавите на Шматко. Австрија формално ја подржува изградбата на гасоводот „Набуко“, проект на Европската унија подржан од САД, со кој би требало да се намали зависноста на Европа од рускиот гас.