Протестите на Тајланд ќе продолжат и покрај вонредната состојба

Анти-владините демонстранти на Тајланд се заканија со уште помасовни и пожестоки протести доколку властите се обидат да ги спречат нивните собири откако беше воведена вонредна состојба. Демонстрантите бараат распуштање на парламентот во рок од две недели и закажување нови избори.