Лајчак во посета на Косово

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во еднодневна посета на Косово. Предвидена е средба со косовскиот шеф на дипломатијата Скендер Хисени. Словачка е една од 5-те земји членки на Европската Унија кои не го признале Косово како независна држава.