Стајнберг во посета на Белград и Приштина

Заменик американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг, во рамките на балканската турнеја, денеска ќе престојува во Белград и во Приштина. Според американската амбасада во Белград, Стајнберг ќе ја потврди подршката за европска интеграција на Србија, како и за соработка со Косово.