Бан Ки Мун загрижен поради состојбата во северно Косово

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун изрази загриженост поради новата политика на Приштина во северниот дел на Косово, повикувајќи ја косовската Влада да биде претпазлива во примената на стратегијата во делот на земјата каде што живее мнозинско српско население. Генералниот секретар укажа дека безбедносната ситуација на Косово е релативно мирна но и понатаму кревка, а меѓуетничките инциденти, иако нивниот број не е зголемен и натаму се пречка за враќање и претставуваат несигурност меѓу малцинските заедници.