Визна либерализација за Босна во јуни годинава ?

Европската унија се надева дека ќе има услови за имплементација на безвизен режим на патување за жителите на Босна и Херцеговина во јуни годинава. Можноста денеска во Сараево ја презентираше шпанскиот министер за надворешни работи Мигуел Ангел Моратинос, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. Тој додаде дека визната либерализација за Босна можеби ќе стапи на сила по самитот за Балканот на Европската унија, кој во јуни треба да се одржи во Сараево.