Околу 100 луѓе настрадаа во поплавите во Бразил

Деведесет и петмина настрадаа во поплавите кои го зафатија Рио Ди Жанеиро, соопштија надлежните. Се очекува дека бројот на настрадани ќе расте. Бразилските власти велат дека поради поројните дождови кои го зафатија главниот град на Бразил, јавниот сообраќаен превоз е стопиран. Многумина настрадаа од поплавите кои предизвикаа лизгање на земјиштето во Рио и во градот Нитерои.