Разговори Турција - Ерменија

Турските власти потврдија дека висок државен службеник отпатувал во Ерменија на разговори со тамошните власти. Подсекретарот на турскиот министер за надворешни работи денеска разговара со ерменските власти, пред состанокот во Вашингтон. Турција и Ерменија, по децении заладени односи, лани во октомври потпишаа договори за отворање на дипломатски претставништва. Сепак, турската амбасада во Ерменија и ерменската во Турција не можат да се отворат се` додека парламентите на двете земји не изгласаат подршка за ланските договори.