Пуктоници на демонстрациите во Киргистан

На денешните протести во Киргистан каде што илјадници луѓе ја опколиле претседателската палата во главниот град Бишкек, барајќи оставка од претседателот Курманбек Бакиев, како што јавуваат новинарите на Радио Слободна Европа, имало престрелка меѓу специјалните полициски единици и демонстрантите. Претходно киргистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. Вчера властите ги приведоа опозиционите лидери Алмазбек Атамбаев и Омурбек Текебаев. Има извештаи дека стотици демонстранти денеска влегле во седиштето на локалните власти во Нарин. Во меѓувреме, во северозападниот град Талас во текот на ноќта, демонстрантите повторно ја презеле зградата на владата. Американската амбасада во Бишкек изрази загриженост за немирите, а генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги повика двете страни на воздражност.